Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека се извршени подготовки за санација на ударните дупки на улица Церска. Ве замолуваме за внимателно движење со зголемена претпазливост и со прилагодена брзина кон условите на патот. Работите ќе бидат извршени во најкус можен рок, со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ги повикуваме граѓаните до службите во општината да пријават локации со слични оштетувања на локалната патна инфраструктура кои ќе бидат земени предвид за санација во наредниот период.
Ви благодариме за Вашето трпение и разбирање за време на реализацијата на проектот.
Со почит,
Димчо Атанасовски
Градоначалник на Општина Македонска Каменица