Поранешниот американски претседател Барак Обама објави на X. Тој им порача на Американците дека е потребно време да се пребројат гласачките ливчиња.
„Беа потребни неколку дена да се пребројат сите гласачки ливчиња во 2020 година, а голема е веројатноста ниту вечерва да не го знаеме исходот. Затоа, имајте на ум неколку работи:
„Илјадници ширум земјата напорно работат на изборите денеска. Почитувајте ги. Заблагодарете им се.
– Не споделувајте работи пред да ги проверите изворите.
– Процесот нека си го земе својот тек. Потребно е време да се преброи секое гласачко ливче“, напиша поранешниот американски претседател на Х.