Неверојатен Гинисов рекорд: Жена донирала повеќе од 2.000 литри мајчино млеко
Мајка на три деца од Тексас, Алис Оглетри постави нов рекорд за најголема донација на мајчино млеко, дарувајќи вкупно 2.645 литри.
Како што објави „Гардијан“, таа количина млеко е доволна за да се нахранат стотици илјади предвремено родени бебиња.
– Имам големо срце, но на крајот на денот не сум создадена од пари и не можам постојано да давам пари. Донирањето млеко е начинот на кој можам да и помогнам на заедницата, изјави таа во интервју за Гинисовата книга на рекорди.
Ова не е прв пат Оглетри да го собори рекордот.
Таа за првпат постави рекорд во 2014 година, кога донираше 1.569 литри млеко, со што стана една од најголемите донатори.