2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

Се огласи и премиерот Мицкоски: Кажав дека ќе има силна борба против криминалот, тој процес започна!

Кажавме дека ќе има силна и робусна борба против корупцијата и криминалот за кои што постојат основани сомневања дека се случиле, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со актелните акции на Министерството за внатрешни работи.

– Кажавме дека ќе има силна и робусна борба против корупцијата и криминалот за коишто постојат основани сомневања дека се случиле. Тој процес започна со елиминирање на теростистичката ќелија кај нас. Сакале да ја вознемират безбедносната состојба во државата и имале поврзаност со ќелии од регионот. Во текот на ноќта имаше акција и во одредени средини каде постојат сомневања дека се наоѓаат сторители на многу кривични дела кои се случиле во минатото. Таквите сомневања можеа да бидат контаминирани и затоа мораше да се случи полициската акција. МВР ќе излезе со целосни информации. Сите фатални случаи ќе бидат откриени и обелоденети, како на пример, убиства – рече Мицкоски.

Тој меѓутоа не откри детали за нив бидејќи, како што рече, бил зафатен цел ден.

– Јас денот го запознав со серија состаноци и не сум имал можност да контактирам со луѓето од МВР. Последната комуникација беше рано утринава. Имам некакви начелни информации, но би се воздржал од било каков коментар до моментот додека не дојде официјално соопштение од МВР – рече тој.

Во врска со претресите кај Артан Груви и дитекторот на државна лотарија како и дека со случајот бил поврзан и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, премиерот рече дека постои основано сомневање за злоупотреба и сторен криминал во Државна лотарија.

– За деталите не сум запознаен – рече премиерот.

Мицкоски рече дека за акциите се запознати меѓународните партнери, но не може да ја разбере пораката на ДУИ

поврзани објави

Последни објави