Моите информации се дека поранешниот директор на Државна лотарија подолго време не е во земјата“, иформира премиерот
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово, информира премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 21 кое ќе се емитува вечерва.
„Моите информации се дека поранешниот директор на Државна лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово“, вели Мицкоски.
Поранешни премиер и вицепремиер се дел од истрагата за Лотарија, вели Тошковски
Тој во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.
„Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам“,
посочува Мицкоски.