Секогаш е корисно да знаеме одредени кујнски трикови кои ќе ни помогнат во готвењето, а еден таков трик е поврзан со подготовката на оризот.
Имено, при готвењето често станува леплив и премногу мек, поради што не може да ја задржи текстурата. За совршено сварен ориз, соодносот на вода и ориз треба да биде три спрема еден, што значи дека треба да налеете три чаши вода на една чаша ориз.
Освен правилниот сооднос со вода, постои уште еден трик, односно една состојка која е неопходна за оризот да биде совршено сварен, без разлика кое јадење го подготвувате.
Ако додадете неколку капки сок од лимон додека го готвите оризот, тој нема да се залепи и ќе биде растресит!
Затоа, ако никогаш досега не ви успевал оризот или ако сте почетник готвач, следниот пат искористете го овој трик и бидете сигурни дека ќе испадне добро.