Денеска, како градоначалник на општина Македонска Каменица присуствував на Отворениот ден на Источниот плански регион во Штип
Настанот започна со воведни обраќања од сите досегашни претседатели на Центарот за развој на Источниот плански регион и на директорката на Центарот за ИПР, Зујица Ангелова. Покрај презентацијата на потребата од успешно спроведени комуникациски стратегии од локалните самоуправи во нашиот регион, беа одржани и две панел-дискусии за Важноста на регионалната политика за поттикнување на регионалниот раст и Визија за иднината: одржлив и рамномерен регионален развој.
Завршните обраќања ги опфатија конкретните резултати од досегашниот развој на регионот, каде беше истакнато дека преку здружени напори, општините спроведуваат значајни проекти за одржување на чистата животна средина, развој на туризмот како значаен сегмент за забрзан локален економски развој и проекти за поддршка на младите и другите целни групи на граѓани.
Исто така, претходно се одржа и 18. Седница на Советот за развој на Источниот плански регион, на која беа донесовме следниве одлуки за: Преотстапување на објекти „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти“ – Проектот опфаќа поставување фотоволтаични системи во општините Штип, Карбинци, Кочани, Виница и Македонска Каменица, со цел унапредување на енергетската ефикасност и користење обновливи извори на енергија; Усвојување на Финансискиот план за 2025 година – Планот предвидува финансиски средства за реализација на стратешки проекти за економски, социјален и инфраструктурен развој и Информација за реализирани и тековни проекти за 2023-2024 година – Презентирани се резултатите од досегашната работа и тековните активности за подобрување на квалитетот на живот во регионот.
Денешните настани поврзани со работата на Советот и Центарот за развој на ИПР, ја потврдуваат важноста од вмрежувањето на локалните самоуправи, каде со зголемена комуникација, заедничката работа и во координација со Центарот за развој на Источниот плански регион, потенцирани како клучни сегменти за продолжување на позитивните политики за постигнување на значајни резултати во делот на одржливиот развој и успешниот напредок на регионот.