6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Иванов: Мојот став за доделување на мандат останува ист

Претседателот Иванов на средбата со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск разговараше за политичката криза во државата, при што му се заблагодарил за неговото разбирање, неговото ангажирање и за неговата поддршка.

„Мојот став останува непроменет- правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета влада е нестабилна влада со краток рок на траење и штетни последници че потсетам дека Европската унија е гарантна само два договори, охридскиот рамковен договор и договорот од 2015 година, оттука императив на партиските лидери на политичките партии треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети.

„Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, платформата со која се загрозува безбедноста на државата, се условува парламентарното мнозинство, се уценува составот на новата влада. Се нарушуваат добрососедтските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се потикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на уставот и затоа за Република Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи и како држава мораме да се фокусираме на европските реформи“, истакна Иванов.

Тој потенцираше и дека само реформите ќе ни помогнат да го искорениме коренот од политичките кризи.

„Но тоа не е само наш предизвик, туку и на добар дел од регионот затоа сметам дека Европската унија треба да најде начин да ги отвори 23-то и 24-то поглавје за правосудството, основните права, слободите и безбедноста и тоа за сите земји кандидати и потенцијални кандидати од регионот. А за да се спречи блокирањето на процесите ЕУ треба да најде решение и процесите на пристапување да не се злоупотребуваат за уцена при решавањето на билатералните прашања, блокадата на евроитегратскиот процес на Македонија мора да прекине и тоа час поскоро“, вели Иванов.

поврзани објави

Последни објави