Денес во Владата беа многу драгоцени посетители. Насмевките на најмладите се најголемиот подарок што можеме да го добиеме – да ги чуваме нивните соништа и да создаваме подобра иднина за сите!, информираше на ФБ, премиерот Христијан Мицкоски.
Си ги честитавме претстојните празници на настанот на кој поделивме новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Владата, стои во објавата на премиерот.