0.8 C
Skopje
Saturday, January 4, 2025

Нова година, нови резултати: ВМРО-ДПМНЕ ja води Македонија кон напредок

Автор на колумната: Зоран Коцевски – пратеник во македонското Собрание

Со доаѓањето на новата година, Македонија стои на прагот на значајни промени. Со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, која се најде на чело на државата, започнаa серија ефективни и позитивни резултати кои значително ја подобруваат ситуацијата во земјата. Ова не е само почеток на нова година, туку и нова ера за Македонија – ера на работа, посветеност и конкретни решенија за сите граѓани.

Програма за обновување на државата

Почетокот на владата на ВМРО-ДПМНЕ дојде со јасен фокус: обновување на она што беше изгубено од претходната влада. Поради сериозната корупција и неефективност, Македонија ја погодија бројни проблеми. Но, со новата влада, сè се променyва. ВМРО-ДПМНЕ, преку секојдневна работа, визија и решенија, почна да ја враќа довербата на народот. Без компромиси, со јасна агенда, партијата се посвети на обновување на економската и политичката стабилност на земјата.

Акции за правдата и безбедноста на граѓаните

Еден од најважните аспекти на новата власт е почетокот на жестоки акции за борба против криминалот. Министерството за внатрешни работи се ангажираше во ефективни операции против криминалци и убиеци, кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Важен момент во оваа борба е истражувањето на делата на поранешните властодршци, особено на политичари како Артан Груби. Од денешна перспектива, никаде нема да се кријат оние кои се огрешиле пред законот, и сите кои го краделе народот ќе бидат строго казнети. Историјата покажува дека на оние кои од уста не ги вадат зборовите „чесност“, а всушност биле најголеми криминалци, ќе им се суди и ќе завршат на вистинското место – во затвор.

Поддршка на економијата и домашните бизниси

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силна поддршка за економијата, којашто во последниве месеци забележа значителен раст. Проекти за инвестиции се на нивото какви што Македонија не видела во последните десет години. Владата обезбеди капитални инвестиции во општините и историски најголема поддршка за локалните самоуправи, кои сега добиваат значителни средства за инфраструктурни проекти. Особено важно е што поддршката за домашните бизниси е на прво место, а со унгарскиот заем од Владата, домашните компании ќе добијат приоритет во развојот. Ова ќе ја зајакне економската моќ на Македонија и ќе создаде нови работни места.

Македонскиот идентитет – нераскинлив дел од нашето постоење

Никогаш повеќе нема да дозволиме да се доведува во прашање идентитетот на македонскиот народ. Со новата Влада, Македонија се постави на светската сцена како горд и самостоен народ. Владата на ВМРО-ДПМНЕ под лидерство на премиерот Христијан Мицкоски се залага за заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја. Македонија ќе продолжи да го истакнува значењето на македонскиот народ на сите меѓународни форуми, без да дозволи компромиси во однос на својата самобитност. Со гордост се поставивме како држава во Европа, што е безусловен приоритет на оваа власт.

Со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија започна да ги враќа своите силни позиции и ја води земјата кон светла иднина. Борбата против криминалот, инвестициските проекти и обнова на економијата се само дел од новите чекори кои ќе обезбедат просперитет за сите Македонци. Ова е време на вистински промени – време кога Македонија се враќа на вистинскиот пат.

поврзани објави

Последни објави