Авион на „Визер“ со 200 патници принудно слета на аеродромот во Клуж, Романија, поради проблем со трупот. Нема повредени.
Присилното слетување се случило околу пладне, а авионот успешно слетал на меѓународниот аеродром „Аврам Јанку“ во Клуж.
Патничкиот авион сообраќал на релација Брашов – Лондон, а планот за итни случаи кој бил на сила при принудното слетување бил деактивиран.
На пистата авионот го чекале четири камиони со вода и пена, како и возила за итни случаи.
„Авионот леташе на релација Брашов – Лондон – Лутон. Добивме порака дека мора да слета на аеродромот во Клуж. Спроведовме кризен план. Слетувањето беше безбедно. Во авионот имаше 221 патник”, изјави директорот на аеродромот во Клуж.