Почитувани сограѓани,
Сакам да ве информирам дека Општина Македонска Каменица аплицираше со повеќе значајни проекти на вториот Јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.
Аплицираните проекти вклучуваат подобрување на локалната патна инфраструктура и олеснување на секојдневниот живот на нашите сограѓани првенствено во руралните средини од општината. Со оваа финансиска поддршка ќе бидат изградени:
✅ Спој на село Косевица со село Моштица и крак до Горанска маала (2220 метри)
✅ Спој на село Цера и село Саса (1987 метри)
✅ Локален пат до маало Гребење во село Цера (1347 метри)
✅ Локален пат до Ефендиско маало во село Луковица (463 метри)
✅ Локален пат до Паровско маало во село Косевица (1222 метри)
Претходно, преку првиот Јавен повик, обезбедивме средства за изградба на улиците Ковачевска и Питу Гули. Проекти кои веќе се спроведуваат и нивната реализација е во напредна фаза.
Во оваа прилика, однапред сакам да изразам голема благодарност до премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински за силното залагање и поддршката во реализацијата на овие важни проекти за Општина Македонска Каменица.
Ве уверувам, дека како ваш градоначалник, останувам посветен на подобрување на инфраструктурата и посветен во работењето за создавање на подобри услови за живот за сите вас.
Заедно градиме подобра Македонска Каменица!
Ваш градоначалник,
Димчо Атанасовски