-1.2 C
Skopje
Friday, February 21, 2025

Венс: Зеленски добива лоши совети, а може само да зажали

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска упати предупредување, кое може да се протолкува и како закана, кон украинскиот претседател – Венс му порача на Володимир Зеленски да не упатува јавни критики кон американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа може да има само негативни последици за него, пренесе „Киев Индепендент“.

Острата реторика меѓу Вашингтон и Киев доаѓа во критичен момент во војната меѓу Украина и Русија, бидејќи Трамп бара брзо решение.

„Зеленски има идеја да го премисли Трамп со тоа што јавно ќе го нападне, но секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е најлошиот можен начин да се справите со оваа администрација“, изјави Венс во интервју за „Дејли мејл“.

Тој рече дека Зеленски добива „лоши совети“ за тоа како да се справи со новата администрација и дека во последните три години му било кажано дека не може да направи ништо лошо.

„Ова е политика на американскиот претседател и не се заснова на руски дезинформации, туку на фактот дека Трамп знае многу за геополитиката, има многу силно и јасно мислење и го има тоа мислење многу долго време“, вели Венс.

„Очигледно е дека го сакаме украинскиот народ, се восхитуваме на храброста на војниците, но веруваме дека оваа војна треба брзо да заврши“, изјави американскиот потпретседател.

Зеленски претходно изјави дека Трамп „за жал живее во дезинформациски простор“, на што американскиот претседател жестоко го нападна, нарекувајќи го „средно смешен комичар“ и „диктатор без избори“ и предупредувајќи го дека може да „остане без земја“.

поврзани објави

Последни објави