Владата потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух во вредност од 1 милион евра со компанијата ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, во соработка со германскиот производител MANN & HUMMEL.
Овие уреди ќе бидат распределени во градинки, училишта и болници, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење.
Оваа донација е дел од пошироките напори за намалување на загадувањето, а Владата останува посветена на долгорочни решенија и поддршка на зелени технологии.