-8.2 C
Skopje
Saturday, February 22, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс?

ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс?

Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?
Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот Трамп, кого го нарече лажго и необразован, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сашо Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист.

Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД?

Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД.

Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата?

Очајот на СДС нема крај“ се вели во соопштението на владејачката партија.

поврзани објави

Последни објави