Фејсбук статус на Орце Ѓорѓиевски:
За прв пат имаме повеќе приходи од долгови, а не позајмуваме!
🗓️ 2024 година е трета година од мојот мандат, но и трета година во историјата на Кисела Вода кога финансиските средства на општинската сметка се значително повисоки од обврските.
✔️ Денес, за разлика од минатото, ние не позајмуваме – ние инвестираме!
🔙 2023 и 2024 година се години со највисоки капитални инвестиции во историјата на нашата општина.
Истовремено, 2024 е годината со највисоки приходи остварени во буџетот споредбено со било кога во минатото.
✌️ Ги срушивме старите лоши навики на моите претходници, ја запревме праксата на непланирани трошења и создадовме модел на развој кој гарантира стабилност и раст.
📊 Со оваа историски највисока реализација на капитални проекти во износ од 155.898.143 денари, не се вклучени ниту еден од проектите чија реализација е во тек и ќе бидат завршени во 2025 година:
📚 Изградба на Основно училиште „Климент Охридски“
👶 Доградба на детска градинка „8-ми Март“
🎓 Доградба на Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“
⚠️ Реконструкција на коловоз на ул. „Ѓорѓи Димитров“
🛣️ Изградба на пат кон манастир „Пеленица“
🧱 Изградба на потпорни ѕидови и уредување на речното корито „Мала Рада“
💰 Цело време говоревме дека работиме домаќински – ги скративме сите непродуктивни расходи, но истовремено ги зголемивме приходите.
✅ Денеска можеме со гордост да кажеме дека поставивме здрави темели и изградивме просперитетна и самоодржлива општина.
🗺️ Во делот на приходите, разликата меѓу работењето денес и она во минатото е драстична.
💲Реализираните приходи во консолидираниот Буџет за 2024 година се за 38% повисоки во однос на 2020 година, односно за 287.541.464 денари повеќе.
🗒️ Во 2020 година, претходната власт користеше кредит од 54.451.735 денари, кој сега ние го враќаме.
💯 Без тие средства, разликата во нашето работење во 2024 година изнесува 341.993.199 денари повисоки приходи.
📈 Кога на ова ќе се додадат сите скратени непродуктивни трошоци, јасно е зошто денеска имаме најмногу капитални проекти, а истовремено и рекорден број на субвенции и помош за жителите.
🪙 Буџетот за 2025 година ќе овозможи многу повеќе приходи, со тоа и многу повеќе капитални проекти и субвенции, како и целосна реализација на ветената Програма.
♥️ Мојот народ заслужува!