Почина актерката Мишел, имаше само 39 години – ја гледавме во хит сериите
Актерката од хит сериите „Buffy the Vampire Slayer“ и „Gossip Girl“, Мишел Трахтенберг, почина на 39 години.
Нејзината смрт не се истражува како сомнителна, потврдија полициски извори за New York Post.
Трахтенберг во последните месеци објави серија загрижувачки фотографии на Инстаграм, каде има 800.000 следбеници, на кои изгледаше слаба, што ги поттикна некои обожаватели да коментираат за нејзиното драматично слабеење или да поставуваат прашања дали се дрогира.
На Инстаграм во коментарите под нејзината последна објава се вели дека има направено трансплантација на црн дроб и дека има компликации.
Минатиот јануари Трахтенберг одговори на загриженоста на нејзините обожаватели, велејќи дека е „среќна и здрава“ и дека никогаш немала пластична операција.
Родена е во Њујорк на 11 октомври 1985 година. Трахтенберг ја доби својата прва улога на деветгодишна возраст во класичната серија на Никелодеон од 1990-тите „The Adventures of Pete and Pete“, каде што ја играше чудната девојка Нона Ф. Мекленберг.