Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски поднесе неотповиклива оставка.
Тој во своето излагање пред советниците на Советот на Град Скопје ги наведе причините што го довеле да го преземе овој чекор.
Трајановски, меѓу причините за неговата оставка ги наведе раководењето со Град Скопје и со јавните претпријатија, како што ја нарече, на група од Сарај од ДУИ.
Тој посочи дека на почетокот при преземањето на раководењето на градот, Данела Арсовска посочуваше дека ќе се бори со оваа група која ги партизираше институциите што.
-Денес, градоначалничката на Град Скопје токму од таа екипа назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде. Изминатава година, Град Скопје со сите ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останати општини во Скопје, рече Трајановски.
Исто така, Трајановски истакна дека неотповикливата оставка ја поднесува и поради малтретирањето на инвеститорите и постојаниот мобинг врз вработените, како поради напуштањето на програмата за „Модерно Скопје“.