Дали некогаш сте очекувале судир меѓу двајца силни карактери од сосема различни светови – шоумен/новинар и познат хип-хоп изведувач? Па, токму тоа се случува!
На прв поглед, изгледа како невозможен спој, но токму тоа го предизвика огромното внимание на јавноста – дуелот меѓу Богдан Илиевски – „Бетмен“ и Марко Маринковиќ – „Слаткар“.
За што навистина се работи, ексклузивно за „Поглед“, Богдан Илиевски го отвора срцето и зборува за оваа ситуација, но и за многу други актуелни теми.
ПОГЛЕД: Како го коментирате стихот на Слаткаристика наменет за вас, дека ќе отворал глави, но и дека браќата – патриоти си ги пикнал во затвор? Како дојде до вакво разгорување на страстите во јавноста?
Во прв момент мислев дека се работи за его во задоцнет пмс кое реагира на еден најнормален муабет од пред 6-7 месеци во подкастот на Лазаров, каде за неговата песна „Отворено писмо“ со која пропагираше промена на името пред референдумот искоментирав дека била доживеана од мене како инструмент на тогашната власт, но и дека не сметам дека Слаткар и неговата песна биле клучни за политичките случувања, се разбира. Ниту навредив, ниту кажав нешто што не е така – факт е дека извади таква песна на 2 недели пред референдумот во 2018, додека јас бев во притвор за настаните од 27 април. Но, после неколку сведоштва на луѓе кои соработувале или соработуваат со него и ден денес, дека се работи за човек кој единствено верува во парите, не исклучувам да се работи и за политичка нарачка од луѓето кои јас ги критикувам, а со кои тој можеби имал фискален однос и во таа 2018 година. Инаку, зошто после 6-7 месеци на муабет за кој нема причина да се реагира воопшто, а не пак со лешперски лаги, би реагирал, а не веднаш, ако нели, го погодило толку многу кажаното?
ПОГЛЕД: Дали станува збор за политичка битка која Слаткаристика ја испорачува преку песна?
Не можам да му ги фатам политичките ставови денес, бидејќи може да делуваат променети. Во 2018 во песната „Отворено писмо“ која потоа ја криел од јавноста и многумина не ни знаеја дека постои воопшто, пропагира промена на името бидејќи сакал да оди на грчка плажа и во Милано и Париз, ги отпишува Македонците од Егејска Македонија како пречка на неговиот пат кон грчките плажи и многу пари… а денес пее песни во кои се акцентира патриотското чувство кога ќе се слушнала „Бисер балкански“. Но, ако она што неговите блиски го зборат е вистина, дека единствената партија за него се парите, како што реков, не исклучувам дека се работи за туѓа политичка битка која тој помислил дека ќе е корисно да ја испорача преку песна.
ПОГЛЕД: Дали сметате дека преку песните и музиката, „Слаткаристика“ имаше свое влијание во пропагандата за промена на името?
Имаше свое влијание во промената на мојот став кон него – и не само мојот. После „Отворено писмо“ го променив мислењето за него, а годините пред таа песна ми бил интересен како појава на сцената, како дечко кој се труди да направи забавни песни градејќи имиџ на некаков маалски слободар кој мрази цензура и држи до уличната почит. Името не го промени Слатакр, туку го променија корумпираните политичари на кои им одговарала песната на Слаткар за која мислеле дека ќе има влијание меѓу младите и ќе им го продаде филмот „еј, доста бе со тоа името, да го смениме и светот чека на нас“. Малоумна философија, но сами си ја одбрале. Дали идеолошки или добро да се нафатираат? Којзнае. Во песната тој пее дека ни фалат евра и дека сака многу пари. А после ја крие од публиката. Односно се самоцензурира тој што велеше „цензура не ми треба, остај ме да си пеам“. Можеби претпоставува дека во променатата политичка констелација повеќе пари ќе му носи пеењето за „Бисер балкански“.
ПОГЛЕД: Дали мислите дека „Слаткаристика“ со оваа песна сака да се позиционира политички или е само уметнички израз?
Не знам што сакал, повторувам, не ми личи на спонтана реакција песна во која ќе пласира одвратни лаги на тема 27-ми април, односно ќе ме удира мене со бедна политичка пропаганда 6-7 месеци после мојот коментар за „Отворено писмо“. Тоа е како јас да реагирав на неговата песна после 6-7 месеци, а не веднаш. Мислам дека се избламира, што и да сакал да постигне. Сега и неговата нова публика, но и голем дел од старата, доби прилика да се запознае со „Отворено писмо“ која останала незабележана во периодот на промена на името, односно загушена од сите политички случувања како „прдеж во дискотека“. Но прдеж ко прдеж, се проби после толку години во јавноста и денес сите имаат можност да го почувствуваат.
ПОГЛЕД: Доколку имате можност да му одговорите со песна на Слаткаристика, што би му кажале во стихови?
Добар челинџ. Што знам, да не ја сквернавам Сузе и култната нумера, но на оваа музичка позадина…
… може да аплицираме пар стихови од типот:
Нарко Марко си се фалел
дека Ку*** си го галел,
а јас добро знам, те познавам,
немаш храброст да ми кажеш се
г’з би дал за евро или две,
тиииииии…
лудуваш по пари.
Вива ла музика!
***Кутлеш
ПОГЛЕД: Која е пораката од тебе до него?
Fuck around, find out.
ПОГЛЕД: Дали неговите стихови покажуваат дека не може да поднесе што некој друг е посилен глас на патриотизмот?
Ако мислите на неговите стихови во песната Еуфорија со Тони Зен, тие стихови покажуваат дека глуми загриженост за луѓето кои се неправедно осудени за 27-ми април само за да проба да ме оцрни мене, бидјеќи според него јас сум ги шитнал како цинкарош и сум ги пикнал во затвор. А во затвор ги пикнаа неговите политички истомисленици од 2018-та итоа не со помош на цинкароши туку со помош на лажговци на суд, за што јавноста е запознаена. И со имиња и со презимиња. Она што тој за мене го изрецитира е истиот „текст“ со кој се служеле анонимните ботови од комуњарската пропаганда на Х/Твитер кога ќе им ги замавав политичките ментори. На пример, кога ќе ги нападнев Заев или Ковачевски на социјалните мрежи, знаеле во одговор ботовите да пишат „еее бетмен ги кодошеше другарите кои се во затвор“. Доброто во случајот е што Северџанистика иако настапува како комуњарски бот, тоа го прави јавно со име и презиме. Лошото е што јас не реагирам милозливо на такви одвратни лаги. И ако јас сум Слаткар, ќе се осеќам многу глупаво кога луѓето и од затвор му пишуваат во коментари дека тропа глупости и кажува лаги. Освен, ако целта не била материјална, па гајле му е кој што ќе каже и важно му е само да се наплати за нарачката.
ПОГЛЕД: Дали ова е нов тренд – рапери да стануваат гласноговорници на политички пропаганди?
Не мора да се гласноговорници, може да се обични наемни работници на кои после викенд во Дубаи ќе им надојде инспирација да се изразат на ваков начин. Ама кога ќе види народ дека ова „дубаи чоколадо“ внатре има мрсули наместо ф’стак, ќе му се повраќа и ќе го фрли во ѓубре.
ПОГЛЕД: Дали ваквите удари под појас покажуваат дека патриотите се најголем проблем, а не оние што ја распродаваат Македонија?
Па тој ја распродаваше Македонија јавно, во песната „отворено писмо“. Значи тој имал разбирање за тие кои ја распродаваа Македонија. Разбирал геополитика, Грција била како Тајсон во рингот во кој сме биле и ние, немало друга опција освен да смениме име за да имаме многу пари на плажа во Грција, каде не го занима судбината на луѓето кои биле избркани од истата „плажа“ или запалени со напалм. Еве, нека слушнат луѓето и сами ако не слушнале:
Slatkaristika – Otvoreno pismo | Слаткаристика – Отворено писмо
ПОГЛЕД: Дали сметате дека ова е обид да ве „исчистат“ од јавниот дискурс преку културни и медиумски напади?
О, со среќа ако е таков планот! Не успеале ни кога биле во полна политичка снага антимакедонците и комуњарските платеници, а тек сега ќе им треба многу среќа во обидот. Но знаеш што, знаеш каде е проблемот кога лажеш? Во тоа што, ене, „утре“ што би се рекло, или што поскоро, луѓето за кои е демек загрижен раперов ќе излезат од затвор. Не може уште долго да се таму. Јас, за разлика од него кој се сети на нив после 8 години, постојано се трудам и работам на нивното излегување од внатре. И проблемот, кога лажеш, е што еден ден вистината ќе излезе на виделина. И средувањето на рачуните потоа ќе биде уште повидливо. Но, тој го одбра тој пат. Како што реков: fuck around, find out.
На крај, секој кој сака да знае повеќе на темата може да го проследи мојот воведен коментар во последната емисија од петокот, 28 февруари, ЛИНК – ТУКА