Дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која синоќа во пожар загинаа 59 млади лица работела без дозвола, односно со фалсификувана дозвола, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во мининистерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата.
– Лиценцата за работа, легална лиценца, оваа фирма нема. Не би сакал да откривам повеќе детали, во рана фаза од истрагата сме. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното изгавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски.
Се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.
Повеќе од 20 лица до овој момент се осомничени за пожарот во дискотеката во Кочани во кој животите, според досегашниот биланс ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.