17.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Роднини на повредени од пожарот во Кочани сè уште ги бараат своите деца: Секаде баравме!

Пред болницата „8 Септември, каде се хоспитализирани дел од повредените од пожарот што се случи во кочанската дискотека, се уште има роднини кои очајно ги бараат своите блиски.

Според информациите од болницата, повеќето од пациентите се во стабилна состојба. Сепак, пред болницата се среќаваат роднини кои не знаат каде се нивните близки.

Таткото на младо момче од Кочани, седи цел ден пред болницата, чекајќи информации за својот син, но нема никој што може да го извести за слученото.

-Секаде баравме тој беше студент во Скопје, требаше да дипломира, сите болници ги поминавме, имаше еден список за оваа болница, ама велат дека го нема, вели тој

Децата на некои од родителите кои беа пред болницата потврдија дека нивните блиски се стабилни, но дека се изложени на чадот од пожарот.

поврзани објави

Последни објави