17.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Панчо и Андреј се хумани луѓе: На 12 март направија гест со кој покажаа дека се пред се ГОЛЕМИ во срце и душа – помогнаа на семејство на кое му беше потребна помош!

По стравичната несреќа во која животот го загубија 59 луѓе, а се повредени над 100 луѓе, Македонија тагува и плаче и сведочи за еден од најтешките немили настани во поновата македонска историја.

Во трагедијата животот го загубија повеќе членови на бендот ДНК, а меѓу нив и Андреј, кој заедно со Панчо секогаш беа на ниво во поглед на солидарноста и хуманоста. Онака како што гласи и нивното име на бендот ДНК, хуманоста им е ДНК и тие живеат со неа.

На 12 март Панчо и Андреј направија гест со кој уште еднаш ја покажаа својата хуманост односно посетија семејство на млад човек, на кого ја покрија терапијата за неговата болна мајка и упатија апел за да се покрие струјата и да им се помогне на луѓето со неопходни работи за нормални услови за живот.

поврзани објави

Последни објави