Големата трагедија во Кочани ја потресе Македонија, но и целиот регион, каде исто така со неверица се пренесуваат информациите за бројот на загинатите и повредените и се изразува сочувство на најблиските.
На шокантната вест реагираше и големиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, кој преку својот Инстаграм профил изрази сочувство и поддршка за македонскиот народ.
Фотографијата со македонско знаме и црна панделка ја претставува симболиката за сочувство, а Ѓоковиќ ја објави на својот Инстаграм профил, кого го следат над 15 милиони луѓе.