25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мицкоски: Мафијата ќе биде запрена, крајот ќе го видат сите што го заслужуваат!

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека заедничката работа на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство (ЈО) продолжува во насока на утврдување на основано сомневање за одговорност и обезбедување на лицата инволвирани во актуелните случаи. Според него, списокот на осомничени се проширува, што е очекување и барање на граѓаните.

„За сите оние кои било како придонеле да се случи ова, ќе има одговорност, без разлика дали се од ВМРО, СДСМ, ДУИ или било која политичка партија, без разлика дали се христијани или муслимани. Ќе има одговорност и за овој случај, но и за многу други случаи. Сега е моментот, се што било ставено под тепих, сега ќе биде откриено и решено. Запирање нема, ќе одиме до крај. Ќе го видат крајот,“ порача Мицкоски.

Во однос на одговорноста на сегашните функционери, тој истакна дека надлежните институции – МВР и ЈО – ќе покажат и докажат дали некој од нив има одговорност.

Дополнително, тој сподели информации дека инспекциските органи веќе работат на терен и откриваат сериозни неправилности. „Пред да дојдам овде, добив информација од Пазарниот инспекторат дека се проверени околу 70 локали. Половината од тие што имаат важечки лиценци не ги исполнуваат техничките услови. Сите инспектори ќе проверат сè. Или ќе победи мафијата која трае со децении, или ќе победи народот и државата. Испровоцираа решителност и ќе ја добијат решителноста,“ додаде премиерот.

поврзани објави

     

Последни објави