28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мицкоски: Одиме до крај и за дискотеката, модуларната болница и Ласкарци – или Македонија или мафијата!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во централниот дневник на „Тема на денот“, најави дека ќе се отворат сите претходни случаи, вклучувајќи ги оние за модуларната болница, дискотеката и Ласкарци, нагласувајќи дека нема да се запира додека не се добие одговор на тоа што точно се случило. Според него, ќе се оди до крај и ќе има разјаснување на сите неправилности, уверувајќи дека нема да остават ништо нерасчистено.

„Ќе ги следам сите овие случаи одблиску. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството да ја прошири истрагата. Не само возачот на автобусот или управителот на правното лице да бидат идентификувани, туку и да се открие кој ја потврдил исправноста на автобусот, кој испитен центар го потврдил и како тој функционирал“, рече Мицкоски.

Тој исто така постави прашања за модуларната болница, прашувајќи зошто било сменето министерството кое го спроведувало проектот, што е причината за проблемите со кабелот, и кој ги направил проектите.

„Ќе има одговори за сето ова, нема да оставиме ништо. Ние тргнавме и нема да запре. Или тие или ние. Во животот постојат две опции: или тој или ти. Не може двата да опстанат, или Македонија и нејзините граѓани, или мафијашите“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека кога ќе се одлучи да влезе во битка, нема да има компромис, и дека тоа ќе биде „или јас или противникот“. На прашањето на новинарот дали го држи за збор, Мицкоски потврди: „Да ме држите за збор.“

поврзани објави

     

Последни објави