Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски на денешната собраниска седница истакна дека СДСМ длабоко веруваат дека можат да направат се само за да дојдат на власт и дека сето тоа ќе се заборави.
„Овој пат се излажаа и сега после толку време гледам дека се во една недоумица, но на крајот верувајте повторно топката или потегот е од оваа страна. Потегот треба да го повлече лидерот на СДСМ, да излезе тука и да се изјасни за едно просто прашање има платофрма, ја прифаќа или не ја прифаќа“, рече Мукоски.