11.8 C
Skopje
Thursday, April 17, 2025

МВР го приведе – директорот на БЈБ открива – директорот на геријатрија примил поткуп од 20.000 евра за сместување на неподвижно лице

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра. За тие пари, требало да сместат болно и неподвижно лице.

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра. Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа“, вели Јанев.

Тој додава: Продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал, придонесуваме за обезбедување на правдата, правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“.

поврзани објави

Последни објави