Скопјанка била измамена за 3.000 евра од маж кој по телефон ѝ рекол дека нејзиниот син и снаа прегазиле дете со автомобил и требало да плати за тие да не лежат затвор, информираше полицијата.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена, информира Министерството за внатрешни работи додавајќи дека го расчистува случајот.
81-годишната жена го пријавила случајот на 9 април во 18 часот.