20.8 C
Skopje
Wednesday, April 16, 2025

ВО ТЕТОВСКО СЕЛО: Најдени се неколку рачни бомби

Во околината на Тетово се најдени неколку бомби.

Во селото Боговиње се пронајдени 8 рачни бомби „кашикара“, пренесе СПБ Тетово.

„Вчера околу 17 часот од КВМК бев известен дека во село Боговиње, на местото викано Престовец се пронајдени експлозивни направи, а потоа во соработка со полицијата го обезбедивме местото и денеска дојде мојот колега кој го обезбеди и ги демонтира бомбите“, изјави Мухамед Авзија, раководител на Центарот за управување со кризи во Тетово.

Вели дека се работи за нов модел и дека тие бомби се од кинеско производство.

поврзани објави

Последни објави