Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.
Претходно, беше поведена истрага за седум полициски службеници.
„Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.“ , потврдија од МВР за Канал 5.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.