Само 20 пратеници гласаа „ЗА“, 72 „ПРОТИВ“ – Тошковски останува МИНИСТЕР на МВР – интерпелацијата не доби поддршка

32

Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Само 20 пратеници гласаа „за“, 72 гласаа „против’, а немаше „воздржани“.

„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.

Интерпелацијата, образложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени.