12.8 C
Skopje
Saturday, May 10, 2025

„КАВО ОТОМОТИВ“ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА: Инвестиција од 25 милиони евра со 500 нови работни места

Компанијата е основана во 1984 година и работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за водечки производители на автомобили.

Мултинационалната корпорација „Cavo Otomotiv“ е заинтересирана за изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје. Инвестицијата би изнесувала 25 милиони евра и би се отвориле 500 нови работни места.

Од Дирекцијата на технолошко-развојни зони информираа дека директорот Гоце Димовски денеска остварил средба со главниот менаџер на компанијата Кемал Аманоел и дека се разговарало за плановите на инвестирање при што биле разгледани и конкретните чекори за реализација.

Денешната средба следува по средбата остварена во март годинава за време на посетата на владината делегација на Турција.

Компанијата е основана во 1984 година и работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за водечки производители на автомобили.

Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.

поврзани објави

     

Последни објави