Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?, праша денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче во својот живот има работено како лекар, министер, пратеник, а со тие примања, тешко се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.
Оттука се поставува прашањето, од каде му пари на Филипче за инвестиции во Дубаи? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50катница во Дубаи? Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? Или можеби ги чувал од мекици и родендени?