21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Начовски: „Обновата на Спомен-домот во Разловци е од огромно значење за идните генерации“

149 години од Разловечкото востание: Почит кон храброста и обнова на спомен-домот

Денес, во селото Разловци, со голема чест и искрено достоинство беше одбележана 149-годишнината од еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ – Разловечкото востание.

„Драги разловчани, гости, почитувачи на историјата, со голема чест и искрено достоинство се собравме денес овде да одбележиме 149 години од еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ – Разловечкото востание,“ беше истакнато на настанот.

Во пролетта 1876 година, во време на големи турбуленции и национални движења на Балканот, група храбри револуционери предводени од Димитар Поп Георгиев Беровски и свештеникот од селото Разловци, Поп Стојан, го кренаа гласот за слобода и човечко достоинство. Разловечкото востание го означи почетокот на организираната борба за национално обединување и останува симбол на отпорот и стремежот за слободна Македонија.

„Денес, 149 години подоцна, ја чуваме таа искра на слободата. Градиме општество на вредностите на слободата, на човековите права и демократските начела. Затоа споменот за Разловечкото востание да биде потсетник не само на минатото, туку и на одговорноста која ја носиме кон иднината,“ истакна директорот на Центарот за култура „Никола Вапцаров“ од Делчево, Начовски.

Тој упати и благодарност до владината делегација на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, за започнатиот капитален проект – обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание, кој има огромно значење за зачувување на историската меморија и националниот идентитет.

поврзани објави

     

Последни објави