Внимавајте во Грција: Пушење во возило со дете под 12 години ќе ве „кошта“ 1.500 евра и одземање возачка дозвола!
МИА Архива
За сите оние кои годинава ќе одат во Грција, казните за прекршоци во сообраќајот се следните:
Возење под дејство на алкохол: 78 до 1.200 евра, зависно од количеството/промилите
Брзо возење (до 20 км/ч над дозволеното): 100 евра
Црвено светло и претекнување на полна линија: 700 евра
Возење без појас: 350 евра
Неправилно паркирање: 40–80 евра
Користење мобилен телефон при возење: 100 евра
Пушење во возило со дете под 12 години: 1.500 евра и одземање возачка дозвола
За разлика од порано, во Грција повеќе не постои можност да ја платите казната во половина износ во рок од 10 дена, пренесе плусинфо.мк. И не се надевајте дека ќе поминете неказнети – ако информацијата уште не стигнала до граничниот премин, тоа не значи дека сте „чисти“.
„Казната може да не ви биде пратена дома, но ќе ве чека при следен влез во земјата. Ако не е застарена, мора да ја платите. Постојат регистри во рамките на ЕУ и можно е да бидете казнети во која било земја“, пишува Никана.