15.8 C
Skopje
понеделник, октомври 27, 2025
spot_img

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

spot_img

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.

Кирков, на самиот почеток, истакна дека Градот Скопје претрпел многу катастрофи, но со преземањето на функцијата градоначалник од страна на Данела Арсовска, Скопје не видело поголема катастрофа.

„Градот Скопје претрпел многу катастрофи во поново време, без пардон, ќе кажам дека поголема катастрофа од градоначалникот од Данела Арсовска и не постои. Како ни изгледа Скопје во моментов? Сите фонтани се жабарници, букви фалат и спомениците се неодржувани, неисчистени. Буквално имаме една глетка на градот Скопје која не ја памтиме дека во поново време би било така“, рече Кирков.

Кирков, исто така, истакна дека секоја критика од страна на советниците кон градоначалничката Арсовска резултирало со барање за извинување од нејзина страна и опомена пред тужба.

„И, за жал, ќе кажам секоја критика кон градоначалничката, она кон нас советниците се произнесува со барање за извинување или пак опомена пред тужба. И нека е така, Скопје издржало многу, ќе ја издржи уште неколку месеци Данела, а потоа ќе постои и одговорност. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи ова донација, ја поздравува и ги охрабрува сите фондации кои имаат можност да помогнат во реновирањето на спомениците, затоа што се во катастрофална состојба“, дециден е Кирков.

поврзани објави

         

Последни објави