Денеска присуствував на почетокот на комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство во Скопје.
Со инвестиција од 29 милиони денари се создаваат современи услови за поквалитетна, побрза и поефикасна здравствена заштита за сите пациентки. Владата продолжува активно да вложува во јавното здравство, докажувајќи дека грижата за здравјето на граѓаните е вистински приоритет.
Искрено се заблагодаруваме на сите здравствени работници, институции и стручни служби кои секојдневно го одржуваат и унапредуваат јавното здравство. Вашата посветеност, професионалност и хуманост се темелот во здравствениот систем.