14.8 C
Skopje
Thursday, May 22, 2025

Јорданов: Штипски гении блеснаа во Бразил – бронза за Македонија, злато за иднината!

Штипски гении блеснаа во Бразил – бронза за Македонија, злато за иднината!

Денес го честитав успехот на учениците од СОУ „Славчо Стојменски“ – Марио Ванчоски,

Иван Костевски и Даниел Христов, кои како стипендисти на Општина Штип беа дел од македонскиот тим на најпрестижната и најтешка Олимпијада по хемија – Менделеев, што се одржа во Бразил.

Во конкуренција од 192 учесници од 39 држави ширум светот, нашите ученици постигнаа извонреден резултат, освојувајќи два бронзени медали – успех што не само што ја става Македонија на светската мапа на млади научници, туку и уште еднаш го потврдува Штип како расадник на талент и знаење.

Особено се истакна Марио Ванчоски, кој го освои еден од бронзените медали и покажа дека во Штип растат идни научници со светла перспектива.

Им упатив искрена поддршка и охрабрување да продолжат по патот на науката и истражувањето. Успесите како нивниот се инспирација за сите млади – и доказ дека трудот, знаењето и посветеноста се исплатат.

Општина Штип со гордост стои зад ваквите млади умови и ќе продолжи да ги поддржува со стипендии сите штипски ученици кои со својот труд и успех го прославуваат градот.

поврзани објави

     

Последни објави