Општина Македонска Каменица успешно ја спроведе постапката за јавна набавка за изградба на два нови локални патни правци:
✅ Во село Косевица, пат кој го поврзува селото со Караџевско маало, во должина од 1.500 метри, со инвестиција од 6.751.500,оо денари.
✅ Во село Саса, пат кој води до маало Аџиите и овозможува подобар пристап до Манастирот Св. Архангел Михаил (од споменикот на Вера Јоциќ), со должина од 1.420 метри и вредност од 6.720.500,оо денари.
Изградбата на овие локални патишта, со средства обезбедени од буџетот на Општина Македонска Каменица, ќе започне наскоро и ќе трае во следните 6 месеци. Со нивна реализација, значително се подобрува пристапот до овие населени места и важни локалитети, а со тоа и квалитетот на секојдневниот живот на жителите.
Ова е уште едно исполнето ветување кон нашите сограѓани, јасен показател продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата во сите градски и рурални средини. Продолжуваме со инвестиции за подобра инфраструктура и посветла иднина за сите жители на Општина Македонска Каменица.
Ваш градоначалник,
Димчо Атанасовски