28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мицкоски на отварање на нов пат во Желино: Се обезбедува подобра инфраструктура

Денеска имав чест да присуствувам на пуштањето во употреба на новиот пат во Општина Желино, проект што претставува јасен доказ дека кога има фокусирана и посветена работа, резултатите се видливи и реални. Ова е симбол на развојот, поврзаноста и грижата за секој жител, без разлика дали живее во урбан центар или во помала рурална средина.

Владата останува доследна на својата визија: да вложува таму каде што најмногу треба, да обезбедува подобра инфраструктура, да го олеснува секојдневието на луѓето и да создава услови за локален економски развој.
Продолжуваме со уште поголема посветеност чекор по чекор, градиме инфраструктура која ќе ја олесни иднината, ќе ја поттикне мобилноста и ќе ја приближи државата до граѓаните.

Патиштата се темел на поврзаноста, но и порака дека никој не е заборавен.
Ова е патот по кој продолжуваме, заедно!

поврзани објави

     

Последни објави