21.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Мицкоски: Еден поранешен министер направи штета на македонскиот идентитет – нема да заборавиме, ќе го решиме проблемот 4o

Еден министер во минатото преговараше за мојот македонски идентитет и направи грешка и ако мисли дека тоа го заборавивме се лаже. Ние ќе бараме начин и ќе го решиме ова, но ќе остане во колективната меморија какова штета нанесе тој човек на македонскиот идентитет и македонскиот народ со непочитување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата во Желино одговарајќи на новинарски прашања.

Мицкоски истакна дека ако тој екс министер не го почитува својот сосед, тогаш не ги почитува ни својот сосед ни својот народ

Тој проблем кој тој човек го направи, не доведе во ваква ситуација – од шампиони во регионот и во Европа, да не можеме да почнеме преговори се уште со ЕУ. Верувам дека ќе најдеме решение, ќе изнајде ЕУ механизми и Македонија да го добие заслуженото местото, рече Мицкоски

Мицкоски истакна дека покажавме како држава и граѓани дека сме проевропски и така ќе се однесуваме

Мицкоски вели дека има добри односи со високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика, Каја Калас, во пресрет на нејзината утрешна посета на земјава.

Додаде дека треба да градиме поеднакво доверба со сите соседи, вклучително и Бугарија. Уште еднаш порача дека „немаме никакви проблеми да го прошируваме Уставот со дел од Хрватите кои живеат овде, Црногорците, Словенците…,но имаме проблеми да прифаќаме ултиматуми“.

Вели дека нема никогаш да си дозволи да преговара за нешто што претставува голем проблем за македонските, албанските, турските и другите граѓани во Македонија кои се составен дел од Уставот.

поврзани објави

         

Последни објави