Фадил Цана, директорот на универзитетската Клиника за заразни болести и Башким Шабани, директор на универзитетската Клиника за урологија ја повлекоа поддршката на Арбен Таравари, објави порталот Алфакс.
„Оваа нивна постапка доаѓа веднаш по одлуката на Таравари да се раздели од коалицијата Вреди – потег што предизвика раскол во Алијансата за Албанците. Одлуката за отцепување од Вреди и за излегување од Владата мнозинството членови на АА ја сметаат како еднострана и таа нема целосна поддршка од структурите на партијата“, пишува Алфакс.