14.8 C
Skopje
Friday, May 30, 2025

Годинава ќе има МАСОВНО вработување на млади, ќе се стимулира финансиски и отварање на бизнис

Поддршка за самовработување-здружување во ДОО кое е предвидено да опфати 400 лица од кои 220 млади до 29 години, која има за цел да овозможи невработените да започнат или да формализираат сопствен бизнис, при што невработените лица треба да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Висината на финансиската поддршка изнесува од 861.000 денари до 1.230.000 денари (правен субјект од два содружника). Најнискиот износ од 861.000 денари се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот износ од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години. Исто така може содружници да бидат лице до 29 години и лице над 29 години. Дополнително се предвидуваат и 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

– Практикантство, чија цел е да вклучи 1.352 млади лица до 29 години за стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места, при што еден од предусловите е лицата да имаат минимум завршено средно образование.

– Младински додаток за 3.500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Оваа мерка е насочена кон зајакнување на капацитетите на стопанството со намера поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се придонесе до подобрување на нивниот животен стандард со работа и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари месечно по вработено лице.

Освен тоа што фокусот на Оперативниот План за 2025 е посебно насочен кон млади до 29 година, дополнително со него се помага и на долгорочно невработените лица, корисниците на гарантирана минимална помош и поддршка на други загрозени категории на граѓани. Дозволете ми таксативно да набројам дел од програмите и мерките:

Поддршка за самовработување (претприемништво)-невработени лица над 29 години која има потенцијал да опфати 610 граѓани;
Поддршка за вработување на лица со попреченост, со опфат од 150 лица;
Обука на работно место кај конкретен работодавач, со опфат од 245 невработени лица евидентирани во АВРСМ;
Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот за 600 невработени лица;
Обуки за возачи за Ц, ЦЕ и Д-категорија за 200 невработени лица евидентирани во АВРСМ;
Но, и обуки за странски јазици, основни вештини за работа со компјутери и многу други мерки и програми.

Збор зеде и министерот за економија Бесар Дурмиши.

– Со задоволство ќе кажам дека оваа година за мерки за вработување одвоени се 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе во споредба со ланската година. Тоа е знак дека Владата и министерството за економија се посветени за подобрување на пазарот на труд во земјата – рече Дурмиши.

поврзани објави

     

Последни објави