✅ УЛИЦАТА ШИРОК ДОЛ СО ЦЕЛОСНО НОВ ИЗГЛЕД!
Со асфалтирањето на преостанатиот дел од улицата, како и уредувањето на површините пред станбените згради и просторот за паркирање, завршуваме со комплетната реконструкција на Широк Дол. 🛣️🏗️
Овие дополнителни зони, иако првично не беа дел од проектот, ги вклучивме поради реалната потреба на граѓаните и нивните секојдневни барања – затоа што токму тие се наш приоритет. 🤝
🔜 Во следниот период продолжуваме со работа на улицата Пиринска, каде што веќе изминатиот месец се работеше на подземната инфраструктура, а сега преминуваме кон следните фази од реализација.
Продолжуваме посветено, транспарентно и со јасна визија за модерен и поубав Штип ✅️