27.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Николоски: Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, 7 години имаше пустош во Македонија

Навистина ми е драго што сме покрај Заливот на Коските, наjпосетуваниот музеј во Македонија којшто од денес ќе е подостапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира. Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам. Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да пожат многу полесно да комуницираат, изјави Вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

-Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше првпат правен, кога во поранешната држава практично генералот Карангелевски практично го пробивал овој пат. Од тогаш до реконструкцијата не беше чепнат најголем дел од патот. Еве го сега завршен, рекоструиран, и како што кажав во можност да помогне на туристите и жителите полесно да комуницираат, нотираше во обраќањето Вицепремиерот Александар Николоски.

поврзани објави

     

Последни објави