28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Перински говорник на обуката “Силни заедници, силна иднина: Како Владата и Собранието ја поддржуваат одржливата локална политика“.

Заедно со претседателот, Христијан Мицкоски, членовите на Извршниот комитет и потврдените кандидати за градоначалници на покана од Konrad-Adenauer-Stiftung и Центарот за аналитика „Љубиша Георгиевски“, бевме дел од обуката насловена „Силни заедници, силна иднина: Како Владата и Собранието ја поддржуваат одржливата локална политика“.

✅ Учествував како говорник на панелот „Обединети сили за локално влијание“, каде што дискутиравме за важноста од ефективна соработка меѓу Владата, Собранието и општините, со цел подобро да се одговори на реалните потреби на граѓаните.
Убеден сум дека со обединети сили, знаење и јасна визија можеме да создадеме силни и одржливи општини, кои ќе бидат двигател на идниот развој на нашата држава.

поврзани објави

     

Последни објави