28.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Мицевски: Донесовме важна одлука, одобрена прераспределба на буџетски средства за рализација на проекти во 80 општини

Денес на собраниската седница донесовме важна одлука — одобривме прераспределба на буџетски средства, со што отвораме нова врата за инвестиции во образованието, здравството, културата и социјалната заштита низ целата држава, објави на социјалната мрежа на Фејсбук кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Преку вториот јавен повик на Владата, поддржуваме 887 нови проекти.

-Заедно со првиот повик, бројката достигнува близу 1200 проекти во 80 општини.

-Ова значи инвестиција од 20 милијарди денари.

Со денешната одлука ги зголемуваме средствата за клучните министерства:

-Министерство за социјална политика, демографија и млади: 342.264.000 денари;

-Министерство за образование и наука: 361.185.000 денари;

-Министерство за спорт: 62.416.000 денари;

-Министерство за култура и туризам: 62.000.000 денари.

Имаме волја, имаме иднина, имаме план за напредна Македонија!, пишува Мицевски во својата објава.

поврзани објави

         

Последни објави