Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција. Но, повеќе од тоа, денес вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа.
Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Се работи за инвестиција во вредност од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 500 работни места!
Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплатува. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот, не пречка, туку поддршка.
Ќе продолжиме по истиот пат, со енергија, со одговорност, со упорност. Ќе продолжиме да ги градиме темелите на промените. Затоа што доаѓа времето на Македонија!