Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник на Делчево, јасно порачува дека ќе стави крај на партиските вработувања, кои со години ја разјадуваат мотивацијата и правдата во општеството. Тој најавува дека секое вработување ќе биде транспарентно, со јасни критериуми, јавна објава и отчетност.
Тој истакнува дека младите во Делчево ќе имаат фер и еднаква шанса, независно од нивната политичка припадност. Според него, вредностите како труд, знаење и посветеност ќе бидат принцип, а не исклучок. Најавува целосна транспарентност во сите вработувања и јавен увид во секоја постапка. На Делчево, како што вели, му се потребни чесни, работливи и паметни луѓе – и тие конечно ќе ја добијат својата шанса.
Ова, според Гоцевски, не е само политичко ветување, туку предуслов за вистински развој, останување на младите и враќање на довербата во институциите.