Градоначалникот Митко Јанчев денес во Владата на Република Македонија ги потпиша договорите од вториот повик на Влада со кои се обезбедуваат средства за реализација на овие 8 капитални проекти, во вредност од скоро 5 милиони евра!
✔️Доградба на спортско рекреативен објект – покриен базен (Д3 – спорт и рекреација).
✔️Основен проект за спортско рекреативен објект во СРЦ ,,Јасмин’’ во Кавадарци.
✔️Изградба на картинг патека со пропратни содржини.
✔️Мост преку Луда Мара до село Марена, Општина Кавадарци.
✔️Изградба на објект- Супермаркет за храна и домашни производи
✔️Изградба на улици, потпорна конструкција и улична расвета на ул. ,,Ѓорѓи Соколов’’- Краци вон град.
✔️Гасификација на Кавадарци 1, дистрибутивна гасоводна мрежа – прва фаза и МРЦ – Мерно регулациона станица.
✔️Основен проект за реконструкција на фекален колектор во населба Опитно Поле.
✔️Истовремено беше потпишан и договор помеѓу општина Кавадарци и Влада на Република Македонија со кој Владата преку ЗЕЛС на општините му распределува донација- прочистувачи за воздух.
Огромна благодарност до премиерот Hristijan Mickoski и Владата на Република Македонија, кој докажа дека е силна поддршка и партнер за сите општини во Република Македонија.
Кавадарци за сите ❤️